Утрински Весник
Спорт

Вардар перфектен, прв пораз за Алкалоид

20251109204413 big 730x400 26.webp.webp

Дерби дуелот од 11.коло од ракометната Супер лига им припадна на ракометарите на Вардар, кој славеа победа со 34:28 против Алкалоид. „Вардарци“ ја продолжија серијата победи и ја „запишаа“ 11.та победа во Супер лигата, додека за Алкалоид ова беше прв лигашки пораз.

Во првиот дел двете екипи се менуваа во водството и на полувреме беше 17:17. Резултатот последен пат беше нерешен 21:21 во 36.та минута. Вардар направи серија од 10-4 и во 52.та минута „црвено-црните“ имаа водство од 31:25. Во тој период одличен на голот кај Вардар беше Васил Гогов со 11 одбрани (8 во вториот дел).

Најефикасни на натпреварот беа Дмитро Хориха кај Вардар и Мартин Серафимов кај Алкалоид со по 9 голови.

Во тек е последниот натпревар од 11.коло меѓу Тиквеш и Бутел. 

Можете да прочитате

Заврши првата фаза на Европското првенство во ватерполо

ЕХФ ЕУРО 2026: Македонските ракометари на мегдан со кодомаќинот Данска

Мурињо го коментираше поразот од Порто