Утрински Весник
Спорт

Вардар нема да наплаќа билети за дербито со ГРК Охрид

20260330111923 big 730x400 97.webp.webp

Раководството на лидерот во македонскиот ракометен шампионат, РК Вардар, одлучи, влезот за дербито со ГРК Охрид да биде бесплатен.

– На 2 април, во 18 часот, во големата сала на СЦ „Јане Сандански“, клубот го очекува натпревар кој може да биде клучен во трката за шампионската титула.


На тој натпревар влезот е слободен за сите.

Клубот упатува апел до сите кои го поддржуваат, дека ова е моментот кога тимот има потреба од секој глас, од секоја поддршка и од полни трибини. Вардар се бори за враќање на титулата во Скопје, а токму ваквите натпревари се оние што ја прават разликата. Затоа ги повикуваме сите, да ја наполниме салата, да создадеме атмосфера каква што само Вардар знае. Да бидеме осмиот играч на теренот.

Продолжуваме со борбата за враќање на титулата, а следниот предизвик во домашното првенство носи уште една голема пресметка – дуел против Охрид, објавија „црвено-црните“.

На табелата во македонската Супер лига, Вардар е прв со 46 бода (24 натпревари), следуваат, Еурофарм Пелистер 42 (25), Охрид 40 (24), Алкалоид 38 (25), Тиквеш 24 (25) и Бутел 22 (25).

Можете да прочитате

Стадионот во Приштина е премал да ги прими сите заинтересирани за дуелот Косово – Турција

ГРК Охрид попладнево му гостува на Олимпијакос во Атина во првиот четвртфинален натпревар од ЕХФ Европскиот Куп

Кими Антонели победник на трката за Големата награда на Јапонија