Утрински Весник
Македонија

Ванковска: Се поизвесно е дека ќе нема дебата, тоа е срам за демократијата

Vankovska 2.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица, при денешната средба со граѓаните на Општина Центар освен со претставување на изборната програма се задржа и на известувањето од Владата за денот на гласањето.
„Го добивме известувањето од Владата за денот на гласањето, кој е слободен ден само за јавната администрација. Сметам дека тоа е неправедно, не е фер услов. Практично, сите приватни работодавачи ќе можат да им оневозможат на граѓаните да го напуштат работното место, да излезат да гласаат, зависно од нивните околности”, рече Ванковска.
Сопред Ванковска на овој начин голем број граѓани, особено од Скопје, но кои потекнуваат од градовите во внатрешноста, нема да бидат во можност да го искористат правото на глас.
Ванковска пред жителите на Центар уште еднаш ги повтори своите цврсти ставови за раскинување на трите договори. Истакна и дека во отсуство на јавна дебата на претседателските кандидати, мора да се оди од човек до човек, од улица до улица за да им се доближи понудената програма на граѓаните.
-Јас и Левица ќе направиме се’ што е во наша моќ програмата да биде достапна до секој еден граѓанин. Очигледно е дека моите противкандидати се исплашија од дебата која се поизвесно е дека ќе ја нема. Тоа е срам за демократијата, истакна Ванковска.

Можете да прочитате

Тошковски: ,,Безбеден град” ќе има отстапки како кај полициските радари

Магла на повеќе патни правци

МВР со засилување – 120 млади полицајци започнуваат со работа во Скопје