Утрински Весник
Македонија

Ванковска: Одиме по потешкиот пат

Photo 2024 04 07 18 19 41.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

-Не сум тука само да учествувам. Одиме по потешкиот пат. Поведро и подонстоинствено не можеме да го направиме тоа. Сѐ штo треба да направиме е да ги мотивираме граѓаните зад параванот, рече кандидатот за претседател Билјана Ванковска, на денешното отварање на канцеларија на Левица во Волково.
Во Волково се обратија и Амар Мециновиќ, пратеникот и носител на ИЕ 3, Борислав Крмов, како и други членови на Централниот комитет.
Говорниците истакнаа дека во Ѓорче Петров живее работничката класа и поради тоа има еден посебен дух.
-Работничката класа ја има основано оваа држава, затоа работничката класа треба да ја ослободи повторно. Ако не се преземе нешто сега, може и да се изгуби оваа држава, не само да се редефинира. Свесен сум дека народот веќе не им верува на ДПМНЕ и СДС. Тие истите работи ги ветуваат над 20 години наназад. Кај ДПМНЕ и СДС се парите. Овој народ го доведоа на раб на егзистенција, за да можат полесно да владеат, истакна Мециновиќ.
Присутните се согласија дека народот повеќе не им верува на ДПМНЕ и СДС имајќи предвид  дека истите работи ги ветуваат над 20 години наназад, како нешто да ги спречувало досега да ги реализираат.

Можете да прочитате

(Видео) Диви свињи забележани како шетаат низ населбата Водно

Државата е заштитена со закон и Устав, а не со осветената вода на свештеникот, реагираат од ДУИ

Убиства, оружје и рекет – Дали се шири организиран криминал меѓу турски државјани во Македонија?!