Фудбалерот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, смета дека неговиот соиграч Мохамед Салах е еден од најдобрите фудбалери во светот и дека заслужува повеќе пофалби, бидејќи фудбалските фанови се поретко зборуваат за Египќанецот во суперлативи.
Салах неодамна се израмни со Роби Фаулер за најмногу голови за „црвените“ и двајцата го делат шестото место на листата на најдобри стрелци на сите времиња.
Египќанецот освои неколку трофеи за време на неговиот престој на „Енфилд“ – по еден од Лигата на шампионите, Премиер лигата, ФА Купот, Суперкупот на УЕФА, Комјунити Шилд и Светското клупско првенство.
Крилниот напаѓач доби и бројни индивидуални награди, три пати беше Златна копачка на Премиер лигата, двапати беше најдобар играч на сезоната во англискиот шампионат, а двапати беше прогласен за најдобар африкански фудбалер.
„Голем број играчи на Ливерпул придонесоа за освојување важни трофеи, но на Мо дефинитивно му припаѓа статусот на легенда. Тој е исклучително важен фудбалер и верувам дека со текот на времето неговите достигнувања ќе бидат повеќе ценети во јавноста. Препознаваме се што прави секој ден затоа што можеме да го видиме трудот што го вложува. Треба само да продолжи“, изјави Ван Дајк.
Салах оваа сезона одигра 44 натпревари во сите натпреварувања постигнувајќи 27 гола и 11 асистенции.