Утрински Весник
Спорт

Ван Бастен за наводниот трансфер на Меси во Саудиска Арабија: Патетично

Ван Бастен за наводниот трансфер на Меси во Саудиска Арабија: Патетично

Лионел Меси го напушта ПСЖ и кариерата ќе ја продолжи во клуб од Саудиска Арабија, пишува француската новинска агенција Франс прес (АФП), наведувајќи дека информацијата е веродостојна. Не прецизираат за кој клуб станува збор, иако веќе извесно време се шпекулира дека Аргентинецот би можел да потпише за Ал-Хилал. Неговиот нов договор ќе биде „огромен“, пишува Франс прес без да ја прецизира точната сума.

dobivaj vesti na viber

Се шпекулира дека Арапите би можеле да му платат на Меси од 500 до 600 милиони евра за неколку години.

Оваа вест, како и висината на заработката која се споменува, предизвика реакција кај легендарниот Марк ван Бастен. Во еден разговор, славниот Холанѓанец жестокот го критикува овој потег на Меси.

„Мислам дека е ова патетично. Да сè уште да мора да одиш таму за сите тие пари… Заработи доволно, можеш да го работиш она што го сакаш. Не можам тоа да го замислам. Ти си свој шеф, нели? Можеш да играш фудбал каде сакаш?, вели Ван Бастен во краток коментар за овој трансфер во емисијата „Рондо“ на „Зиго Спорт“.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина