Утрински Весник
Македонија

Вал: Со одлуката за повреда на правата на новинарите за 27 април, Уставен придонесе за развој на демократијата 

Ba6 7151 Scaled.jpg

„Едноставното споменување на богатата судска пракса на Судот нема да им оддаде признание на нивните напори, но многу е важно да се истакне дека, низ целата негова стожерна работа, Уставниот суд воспостави доктрина на позитивната обврска на државата да ги обезбедува слободите и правата“, рече амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје на одбележувњето на 60 годишниот јубилеј на Уставниот суд.

Тој рече дека Судот го постави овој стандард со тоа што ја зеде предвид праксата на Европскиот суд за човекови права при заштитата на слободата на изразување и заштитата на новинарите. Преку својата јуриспруденција, Судот не само што ги одбрани индивидуалните права на новинарите, туку и активно придонесе за слободно и демократско медиумско известување. Со оваа епохална одлука, Уставниот суд директно придонесе за развојот на посилно демократско општество во Северна Македонија”.

Шефот на мисијата на ОБСЕ, Килијан Вал изрази поддршка за Уставниот суд за воведување на уставна жалба и потенцираше: 

“Долго време се застапува зајакнувањето на Уставниот суд преку воведување на сеопфатниот механизам на жалба. Со доверувањето мандат на Уставниот суд директно да ги обработува жалбите на граѓаните, наместо да се потпираме на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, ја правиме правдата попристапна и поблиску до дофатот на сите граѓани на Северна Македонија. Стоејќи на овој крстопат, на кој го славиме минатото и гледаме кон иднината, да ја обновиме нашата колективна заложба за поддршка на патувањето на Уставниот суд, рече Вал потенцирајќи дека Судот може да се потпре на Мисијата на ОБСЕ во Скопје како негов партнер.

Можете да прочитате

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ

Обвинителство: Има материјални докази дека Палчо е сторител на двојното убиство

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност