Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

„Vakcinacija.mk“ достапна и на албански јазик, 46.023 лица ја пополниле апликацијата

Img 7972

Министерството за здравство информира дека веб-страницата „vakcinacija.mk“ на која граѓаните може да искажат заинтересираност за вакцинација против Ковид-19 е достапна и на албански јазик на следниот линк: https://vakcinacija.mk/alb/.

Веќе 46.023 лица ја пополниле формата за аплицирање на оваа Веб страница. „На овој начин, граѓаните се регистрираат во електронскиот систем „Мој Термин“, а матичниот лекар може да го види податокот за секој пациент“, информираат од Министерството за здравство.

Во нивното известување е наведено дека преку оваа апликација, граѓаните искажуваат само интерес, но не и закажување за термин за вакцинација. Од ресорното министерство појаснуваат дека „Мој термин“ го утврдува датумот и часот за вакцинирање согласно фазите кои се содржат во Националниот план за имунизација на населението во земјава.

„Вчера, во Северна Македонија пристигна првата пратка 4680 од вкупно 8000 фајзерови вакцини против Ковид-19 од Република Србија. Во текот на денешниот ден ќе заврши и регуларната процедура во МАЛМЕД, а од среда вакцинацијата почнува со здравствените работници во модуларната клиника во Клиничкиот центар во Скопје“, известуваат од МЗ.

Според нив, вакцинацијата ќе се одвива на пет вакцинални позиции, а во тимовите за имунизација ќе има медицински сестри и лекари. Модуларната болница ќе работи во две смени од 8 до 20 часот, известуваат од министерство за здраство.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Забрчанец: Дали Мицкоски се правда или бара мандат кој ќе трае со децении?

Филипче од Свети Николе: СДСМ се бори Македонија да биде дом за сите, а не приватен имот на власта

Мицкоски: Случаите на Филипче и струмичкото лоби се во фиока – по изборите ќе има правда за сите