
Епидемија на мали сипаници во Бангладеш е причина за смрт на 100 лица, меѓу кои деца. Спроведена е итна вакцинација. Од 15ти март па се досега се регистрирани 7.500 нови случаи. Во споредба со 2025, имало само 125 заразени лица.
Според Rana Flowers од Unicef во Бангладеш, вакцините се основа за преживување на децата, а сегашната епидемија ги става најмладите и најранливите во сериозен ризик.
Во Бангладеш, држава со 170 милиони жители, рутинските вакцини против мали сипаници се даваат на деца од девет месеци. Меѓутоа, Shahriar Sajjad, заменик директор на Министерството за здравство, изјави дека околу една третина од заразените во неодамнешната епидемија биле под девет месеци, што е особено загрижувачки.
Покрај рутинските вакцинации, Бангладеш спроведува специјални кампањи за мали сипаници на секои четири години, но тие не се реализирале како што било планирано. Од 2020 година немало посебни кампањи првично поради Ковид-19, а потоа поради политичката ситуација. Во 2024 година, по масовни протести против владата, долгогодишната премиерка Шеик Хасина беше сменета, а земјата имаше интерна влада до февруари 2026 година, кога беше избрана нова влада. Кампањата за вакцинација која требаше да се одржи во април не се реализираше поради проблеми со набавката на вакцини, вклучително и за мали сипаници, објави Daily Star.

