Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Вака изгледаат совршениот маж и совршената жена според вештачката интелигенција

Вака изгледаат совршениот маж и совршената жена според вештачката интелигенција
Img 7972

Вештачката интелигенција генерираше слики од совршена жена и маж, а резултатите загрижи многумина.

dobivaj vesti na viber

AI  користеше алатки со кои доби увид во податоците и фотографиите на милијарди луѓе на социјалните мрежи и врз основа на нив создаде идеал кој загрижи многумина.

Истражувањето го спроведе организацијата за подигање на свеста за нарушувања во исхраната „Булимија проект“ и тие предупредија дека резултатите се во голема мера нереални во нивното прикажување на типови на тело, и лесно е да се види зошто. Откритијата нема да им се допаднат на луѓето кои не се набилдани и со исончан тен.

Сликите на мажи и жени покажуваат пристрасност кон потемните тонови на кожата. Жените на сликите се прикажани со руса коса и кафени очи, мажите имаат кафена коса и очи. Но, бојата на косата е можеби најмалиот проблем на овие слики.

Сликата на идеалното машко тело прикажува крупни, мускулести бодибилдери, со бицепси кои изгледаат неприродно. 67 проценти од сликите на мажи вклучуваат кафена коса, додека 63 проценти се со исончана кожа.

Откако ја искористи вештачката интелигенција за да ги анализира сликите што социјалните мрежи ги претставуваат како идеални маж и жена, „Булимија проект“ побара од вештачката интелигенција да ја сподели својата перспектива врз основа на слики од Интернет.

„Со оглед на тоа што социјалните мрежи користат алгоритми засновани на содржината што привлекува внимание, лесно е да се погоди зошто приказите на вештачка интелигенција се сексуализирани. Платформите промовираат нереални форми на телото“, велат од организацијата.

Можете да прочитате

Едноставна вежба открива многу: ако можете да ја направите по 45-годишна возраст вие сте во одлична форма

Пет навики што покажуваат дали сте на вистинскиот пат како родител

Дали „бјути слип“ е само мит или навистина треба да си легнуваме на време