Лионел Меси по трет пат во кариерата ја доби наградата на ФИФА за најдобар светски фудбалер. Наградата се доделува од 2016 година, а Меси со третиот триумф стана рекордер и зад себе ги остави двојните победници Кристијано Роналдо и Роберт Левандовски.
Во овој избор гласаат селекторите на репрезентациите, капитените и новинарите. Капитенот на Македонија, Стефан Ристовски на првото место го стави Меси, на второто Лука Модриќ, а на третото сонародникот на Меси Хулијан Алварез.
Селекторот Благока Милевски се определи за Меси, Килијан Мбапе и Карим Бензема.
Овде може да ги најдете сите гласови на капитените и селекторите.