Утрински Весник
Спорт

Вагнер со тројка во финишот ги шокира Лејкерси во Лос Анџелес

12642861.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кошаркарите на Орландо Меџик ја прекинаа серијата од пет победи во која беа Лос Анџелес Лејкерс. Изминатата ноќ, во „Крипто.ком“ арена, гостите од Флорида славеа со 119:118.

Германецот Франц Вагнер во финишот ги шокира Лејкерси и ги поништи извонредните партии на ветераните Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.

„Еџерџиите“ имаа четири поени предност на 27 секунди пред крајот, кога погоди две слободни фрлања. Тогаш на сцена стапи Вагнер, најпрво ја намали предноста, а откако на 18 секунди до крајот на мечот Дејвис промаши од линијата за слободни, на 3,1 секунди до крајот Вагнер погоди тројка за големото славје на Меџик.

Помладиот од браќата Вагнер натпреварот го заврши со 37 поени и 11 скока.

Кај Лејкерси подобри од останатите беа Ентони Дејвис со 39 поени и девет скока и Леброн Џејмс со 31 поен и 10 скока.

Лејкерси имаат 10 победи и пет порази, а Орландо се на 10 победи и седум порази.

Резултати:

Шарлот Хорнетс – Детроит Пистонс 123:121 п
Торонто Рапторс – Минесота Тимбервулфс 110:105
Сан Антонио Спарс – Јута Џез 126:118
ЛА Лејкерс – Орландо Меџик 118:119

Можете да прочитате

Пандев со жесток одговор до Мрме: Ајде во пензија, ти помина времето

Тебас: Реал Мадрид создава конфликти во Ла Лига

Почина Васил Рингов  – 24info.mk