Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

„Вагнер“ се обидел да купи оружје од Турција, покажува доверлив документ на американското разузнавање

„Вагнер“ се обидел да купи оружје од Турција, покажува доверлив документ на американското разузнавање
Img 7972

Доверлив документ на американското разузнавање сугерира дека приватната воена компанија Вагнер се обидела да купи оружје и воена опрема од членката на НАТО Турција, пишува Си-Ен-Ен.

dobivaj vesti na viber

Документот покажува дека Вагнер е подготвен да инвестира финансиски средства за дополнително зајакнување на своите способности.

Како членка на НАТО, Турција се смета за партнер на САД и другите земји кои обезбедуваат директна воена поддршка на Украина и јавно го изрази своето противење на руската инвазија. Турција е дом на главната американска воена база каде се складира нуклеарното оружје и служи како дополнително предупредување за одвраќање на руската агресија против членките на НАТО.

Според извештајот на американското разузнавање цитиран во документот, персоналот на Вагнер се сретнал со „турските контакти“ на почетокот на февруари со намера „да купи оружје и опрема од Турција“ што потоа би можело да се користи од платениците на Вагнер кои се борат заедно со руските сили во Украина.

Не е јасно кои биле овие „контакти“ и дали турската влада знаела за средбите. Нема докази дека е постигнат напредок во договорот во врска со продажбата на оружје на Вагнерците. Сепак, можноста сојузникот на НАТО да им продава оружје на руските платенички сили најверојатно ќе предизвика сериозна загриженост во Вашингтон и ќе ги комплицира односите на Анкара со другите членки на НАТО.

 

Портпаролот на Стејт департментот нагласи дека „Министерството за одбрана и разузнавачката заедница активно ја разгледуваат и ја оценуваат валидноста“ на објавените документи, додавајќи дека тие „не се во позиција да потврдат или коментираат какви било конкретни информации што ги содржат“.

Можете да прочитате

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа

Макрон: Ја потценивме Русија – 24info.mk

САД му ветија безбедносни гаранции на Катар, по неодамнешниот израелски напад во Доха