Утрински Весник
Свет

Вагнер одби, Чечените прифатија

Кадиров го критикуваше рускиот генерал за повлекувањето: Кој го штити толку добро?

Руското Министерство за одбрана денеска потпиша договор со чеченската група за специјални сили Ахмат.

dobivaj vesti na viber

Ова се случува еден ден откако таков договор беше одбиен да биде потпишан од паравоената формација „Вагнер“ на чело со сопственикот и врховен командант Евгениј Пригожин.

Командантот Ахмат, Апти Алаудинов, кој учествуваше во потпишувањето на договорот, рекол дека единицата „подготвила и испратила десетици илјади доброволци“ во Украина во последните 15 месеци од војната.

Заменик-началникот на рускиот Генералштаб, Алексеј Ким, по потпишувањето на договорот со Чечените, изјави дека се надева оти и другите доброволни единици ќе го следат нивниот пример.

„Мислам дека ова е многу добра работа“, рече Алаудинов.

Потпишувањето дојде по изјавата на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во која тој рече дека „сите доброволни единици“ треба да потпишат договори до 1 јули, со што, како што се вели, воспоставува контрола на Москва врз приватните армии, кои се борат во Украина.

Се додава дека доброволците ќе ги добијат истите бенефиции и заштита како редовните војници, вклучително и поддршка за нив и нивните семејства во случај да бидат ранети или убиени.

Евгениј Пригожин претходно изјави дека Шојгу не може правилно да управува со воените формации.

Тој ја обвини Москва дека не ѝ обезбедува доволно муниција на „Вагнер“ и вчера рече дека неговата формација нема да потпише никаков договор.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk