Утрински Весник
Македонија

В петок масовна акција за пошумување „Засади со љубов, за Кисела Вода“

В петок масовна акција за пошумување „Засади со љубов, за Кисела Вода“
Dik 300x250 mk

Голема акција за пошумување во организација на Општина Кисела Вода ќе се одржи овој петок.

dobivaj vesti na viber

На повеќе локации во општината, со почеток од 10 часот, со мотото „Засади со љубов, за Кисела Вода“, ќе се засадат дрвца што ќе го раззеленат и облагородат просторот и ќе бидат значаен чекор во обновување на екосистемот, во намалување на загадувањето и во спречувањето поплави и ерозии.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и голем број јавни личности, естрадни уметници, водители, актери, спортисти, денес, преку промотивен спот, ги повикаа граѓаните масовно да се приклучат во оваа акција, да засадат дрвце и да дадат свој удел во креирањето на новиот раззеленет лик на Кисела Вода.

Локациите на кои ќе се сади се: новиот парк „Иднина“ кај кружниот тек, на трим-патеката, на Теферич, кај новата градинка во Усје, во паркот на „Есенинова“, во паркот „Македонија“.

Паралелно, дрвца ќе садат и дечињата од градинките и учениците во своите образовни објекти.

Акцијата, што Општина Кисела Вода има намера да ја направи традиционална, ќе се одржи в петок, 25 ноември, со почеток во 10 часот.

Бидете дел и вие. Приклучете се на „Засади со љубов, за Кисела Вода“!

Можете да прочитате

Скопје се буди од запуштеноста, градот се чисти од темел 

57-годишна скопјанка тешко повредена откако паднала во автобус

Трипуновски: Нема никаква опасност по ИПАРД средствата, случајот со директорот на АПЗРР да се истражи докрај