Утрински Весник
Македонија

Вјоса Османи со највисоки почести пречекана од претседателот Пендаровски

Вјоса Османи со највисоки почести пречекана од претседателот Пендаровски

Со највисоки државни и воени почести на официјална церемонија претседателот Стево Пендаровски ја пречека косовската претседателка Вјоса Османи во вилата „Водно“.

dobivaj vesti na viber

„Нејзината посета е потврда на заедничките заложби за унапредување на севкупните билатерални односи и меѓусебната соработка“, рече Пендаровски.

Двајцата ќе одржат тет-а-тет средба и пленарен состанок на делегациите од двете држави.

Во рамките на посетата, во црквата „Св. Спас“ во Скопје претседателите ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев, а ќе одржат и прес-конференција.

Според агендата, Вјоса Османи-Садриу ќе оствари средби и со претседателот на Собранието, Талат Џафери, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, и ќе се обрати на свечена седница во Собранието.

Можете да прочитате

Мигрант од Алжир тешко повреден во Гевгелија: Воз му ја прегазил ногата

Сведоци за пожарот во „Пулс“ ќе се носат со полиција ако не се појават на рочиште

Зајкова: Собранието и владата да ги прифатат предлозите на ЛДП за укинување на банкарските трошоци и кратење на непродуктивните државни трошења