Утрински Весник
Магазин

Јужнокорејците станаа една година помлади

Јужнокорејците станаа една година помлади
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Жителите на Јужна Кореја во средата станаа една или две помлади бидејќи стапија на сила нови закони кои налагаат користење на меѓународните методи за броење години, заменувајќи го традиционалниот метод во земјата.

dobivaj vesti na viber

Според старосниот систем кој најчесто се користи во секојдневниот живот на Јужнокорејците, се смета дека луѓето имаат една година при раѓањето, а по една година се додава на 1 јануари.

Од раните 60-ти, земјата ја користи меѓународната норма за пресметување од нула при раѓање и додавање една година на секој роденден за медицински и правни документи. Но, многу Јужнокорејци продолжија да го користат традиционалниот метод за сè друго.

Во декември, Јужна Кореја донесе закони за укинување на традиционалниот метод и целосно усвојување на меѓународниот стандард.

„Очекуваме дека правните спорови, жалбите и социјалната конфузија што се појави околу тоа како да се пресмета возраста значително ќе се намалат,“ изјави висок функционер во понеделникот.

Според владиното истражување спроведено во септември 2022 година, 86 отсто од Јужнокорејците изјавиле дека ќе ја користат меѓународната возраст во секојдневниот живот кога новите закони ќе стапат на сила.

Можете да прочитате

Три чаеви кои ќе им помогнат на вашите бели дробови во времињата кога воздухот е загаден

Детето не треба да биде „малиот терапевт“ за родителот

Салеп – топол напиток – 24info.mk