Утрински Весник
Македонија

Уживајте во топлите денови додека траат – доаѓа големо заладување

Vreme Dozd Sonce 960x545 1.jpg

Времето утре ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степен, соопшти УХМР.

Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 31 степени.

Сончево и топло време ќе преовладува до сабота попладне кога ќе започне да се зголемува облачноста. Во недела ќе има поголема промена на времето со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува засилен северен ветер, кој ќе продолжи да дува и во понеделник кога ќе предизвика значителен пад на температурата (за 8 до 10 степени).

Можете да прочитате

Филипче откри документ: Светска Банка понудила поповолен кредит од унгарскиот

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ е таа партија која прави дестабилизација на државата

Филипче: Мицкоски нема право да ги прекине преговорите со ЕУ, државата не е негова приватна своина