Утрински Весник
Спорт

Јужен Судан ќе игра на ОИ во Париз

Јужен Судан ќе игра на ОИ во Париз

Кошаркарите на Јужен Судан остварија историски успех на Светското првенство. Тие успеаја да се пласираат на Олимписките игри во Париз наредното лето.

dobivaj vesti na viber

Имено, селекцијата која беше во групата со Србија, Порторико и Кина не успеа да се пласира меѓу најдобрите 16, но во борбата за пласман од 17. до 32. место забележаа две победи..

Јужен Судан ги совлада Филипините во првото коло 87:68, а во саботата славеа и против Ангола со 101:78. Јужен Судан како најдобра селекција од Африка обезбеди виза за Олимписките игри. Во другите натпревари, одиграни претпладнево, Финска ја победи Венецуела со 90:75, додека Нов Зеланд по неизвесна завршница победи против Египет со 88:86.

Во натпревар кој го носеше префиксот да се биде или не кога станува збор за место на ОИ во Париз, Јужен Судан до победата над Ангола го предводеа Карлик Џонс со 26, Маријал Шејок со 18 и Нуни Омот со 17 поени.

Фото/FIBA

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027