Утрински Весник
Македонија

Ужасна несреќа на влез од Скопје: Две лица во болница, ги ваделе од Противпожарна бригада, возилото е целосно уништено

Img 4999 1024x576 1.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Попладнево, тешка несреќа кај Хиподром во близина на Железничкиот мост, односно на влез од Скопје, објави Скопје1.

Со Брза помош и тешки повреди, возач и сопатник се пренесени во болница.

Сведоци за „Скопје1“ посочуваат дека лицата од возилата биле вадени со помош на екипи од Противпожарната бригада.

„Денеска (12.06.2024) во 11.22 часот во СВР Скопје било пријавено дека на Железен мост Маџари на влез за Скопје патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки излетало надвор од коловозот. Со повреди се здобил возачот кој бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје“, велат од МВР за „Скопје1“.

Екипи на полицијата се на терен.

Видеото можете да го погледнете со клик ТУКА.

Можете да прочитате

Касами со апел: Екстремен мраз на улиците, граѓаните да останат дома

Вечерва тешко проодни патишта и заглавени возила низ Македонија

Хаос во кафуле во Гостивар: Тепачка, пукање и паника меѓу гостите