Утрински Весник
Балкан

Ужас во Црна Гора: Маж се разнесе со бомба во близина на неговата куќа, една жена повредена

Policiija Crna Gora.jpg

Маж од Бјело Поље им подлегнал на повредите добиени кога активирал бомба во Годијево, Црна гора, а во експлозијата е повредена една жена.

Несреќата се случила утрово околу 9 часот.

Лицето активирало бомба во близина на неговата куќа. Од експлозијата се здобил со тешки телесни повреди, од кои починал, информираат РТЦГ.

Полицијата соопшти дека истрагата е во тек, а жената која исто така е повредена во инцидентот е надвор од животна опасност.

Можете да прочитате

Вишиот суд во Белград почнува нов судски процес против момчето убиец од „Рибникар“

Пронајден мртов кандидат за пратеник од партијата на Харадинај

Блокирани 18 гранични премини во Србија по протест на камионџии