Утрински Весник
Спорт

Јувентус потврдија дека ќе се жалат на казната од 15 поени

Јувентус потврдија дека ќе се жалат на казната од 15 поени

Јувентус потврдија дека ќе се жалат на одлуката на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) да им додели 15 поени казна во случајот со лажно кревање на вредноста на трансферите за да се прикаже профит, откако првично беше побарана казна од 9 поени.

dobivaj vesti na viber

Покрај казната, со која Јувентус паѓа на 10. место на табелата со само 22 поени, клубот е ефективно без спортски директор, бидејќи Федерико Керубини доби суспензија од 16 месеци, додека поранешните лидери на клубот, Андреа Ањели и Маурицио Аривабене се суспендирани на две години.

Јуве потврди дека почнале со процесот за апелација пред Италијанскиот олимписки комитет (ЦОНИ).

Можете да прочитате

Сенегал е прв полуфиналист на АФКОН 2026

Перез: Да се ​​биде клупски колега на Верстапен е најнеблагодарната работа, во Ред Бул знаеја дека ги уништуваат своите возачи

Ибрахимовиќ: Најдобар фудбалер на сите времиња е Роналдо!