Утрински Весник
Спорт

Јувентус му предложи на Челси размена Влаховиќ за Лукаку

Јувентус му предложи на Челси размена Влаховиќ за Лукаку

Јувентус упати интересна понуда до Челси за размена на играчи. Клубот од Торино сака да го ангажира напаѓачот Ромелу Лукаку и е подготвен да го испрати српскиот интернационалец Душан Влаховиќ на „Стемфорд Бриџ“, тврди „Кориере дело спорт“.

dobivaj vesti na viber

Јувентус го идентификуваше Ромелу Лукаку како замена за Србинот, а зделката може да биде од взаемна корист за двата клуба, бидејќи и Челси има интерес за Влаховиќ.

Белгиецот Лукаку ја мина ланската сезона на позајмица во Интер и се надеваше дека ќе остане таму, но сега се појави опција да замине и кај најголемите ривали на „нероаѕурите“.

Предлогот на Јувентус до Челси е да се разменат двајцата играчи, при што лондончани ќе платат дополнителни 25 милиони евра. Така ќе се покрие разликата во цената на двајцата напаѓачи. Во оваа фаза сѐ уште не е јасно дали „сините“ се подготвени да направат ваква размена.

Можете да прочитате

Македонец нов европски шампион во мотоциклизам

Спортот станува клучен дел од новата стратегија за дијаспората 2026–2030

Жељко Обрадовиќ си заминува од клупата на Партизан