Утрински Весник
Спорт

Јувентус доби нов претседател, а во раководството ќе бидат и Дел Пјеро и Кјелини

Јувентус доби нов претседател, а во раководството ќе бидат и Дел Пјеро и Кјелини

Италијанскиот калчолигаш Јувентус денеска доби нов претседател, Џанлука Фереро. Откако синоќа раководството предводено од Андреа Ањели поднесе колективна оставка, од денеска се формира нова управа предводена од Фереро. Но, тој е всушност десната рака на Ањели.

dobivaj vesti na viber

Фереро досега беше менаџер на компанијата „Ексор“ која е под контрола на семејството Ањели. Тој е докажан фан на Јувентус, објаснуваат од компанијата „Ексор“.

Во новото раководство на Јувентус свои фунции треба да добијат познати имиња на клубот, Алесандро Дел Пјеро и Џорџо Кјелини.

Сега за „старата дама“ на финансиски план ќе следи предизвикувачки период. Ањели, Недвед и Аривабене решија да го напуштат клубот за да овозможат истрагата да се одвива непречено поради нивното лошо менаџирање со финансиите.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина