Утрински Весник
Македонија

Утрово заледени патишта, одрони и затворени гранични премини

Soobrakaj Sneg 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Автомото сојузот на Македонија информира дека утрово од 05.15 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – Г.П. Ќафасан.

Поради протест на грчките земјоделци, од денес 08.01.2026 г. со почеток во 10:00 часот на ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила во наредните 48 часа заклучно со 10.01.2026 г. во 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Куманово, Страцин, Крушево, Железнец, како и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Поради обилните врнежи од дожд и честа појава на одрони на патните правци Делчево – М. Каменица – Истибања и Делчево – Пехчево на учесниците во сообраќајот им се препорачува крајно внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината кон условите на патот.

На патниот правец М. Каменица – рудник Саса поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 200 метри.

На магистралниот патен правец А3 Битола – Ресен на самиот влез на градот Ресен поради обилни врнежи од дожд и можно излевање на Голема Река, на учесниците во сообраќајот им се се препорачува крајно внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Исто така на патниот правец Р1307 Царев Двор – Стење поради обилните врнежи од дожд и можно излевање на локалните реки се препорачува крајно внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Скопјанец ја натепал поранешната девојка удирајќи ја по главата и телото, па ја исфрлил од кола туркајќи ја меѓу столбчиња

Пензионерите од Кавадарци добиваат бесплатен превоз

МВР расчисти вкупно 12 случаи на „измама“, од слобода е лишена 23-годишна скопјанка