Утрински Весник
Македонија

Утрово насекаде минусни температури, најстудено во Берово -9

Studeno Vreme.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Најстудено утрово е во Берово со -9, во Крива Паланка се измерени -8, -7 во Маврови Анови и Попова Шапка, -6 во Крушево и Битола, -5 во Скопје, Штип и Велес, -4 во Гевгелија, Кавадарци, Тетово, Прилеп и Виница, а -3 во Струмица и Охрид, соопшти УХМР.

Снежната покривка изнесува 30 см на Попова Шапка, додека пак во Маврови Анови има 12 см.


Утрото студено со услови за појава на утринска магла по одделни котлините. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.

Во Скопје наутро со услови за појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Можете да прочитате

Советот на јавни обвинители ќе назначи ВД Јавен обвинител

Зајкова за новиот Кривичен законик: Се враќаме во времето на Маневски

ВМРО-ДПМНЕ: Стари кадри од време на Заев, Филипче ги претставува како нови лица