Утрински Весник
Македонија

Утрово најстудено во Берово, „најтопло“ на Попова Шапка

Studeno Vreme.jpg

Најниска температура од -8 степени Целзиусови утринава е измерена во Берово, а речиси секаде во земјава се измерени минусни температури со исклучок на Попова Шапка каде живата во термометарот покажуваше 0 степени. Температура од -6  степени е измерена во Скопје-Петровец, -5 Струмица, Битола, Крива Паланка, Штип, Прилеп и Демир Капија, -4 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Велес, Кавадарци и Виница, -3 Охрид, Претор, Куманово и Mаврови Анови, а -1 степен во Гевгелија и Kрушево, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според УХМР, денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец со брзина од над 60 километри на час. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени Церлзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 7 степени Целзиусови.

Можете да прочитате

ВЛЕН на средба кај Курти во Косово

(Видео) Полициски специјалци спасија повредено лице од Шар Планина

Филипче: Откупната цена на зимската зелка е понижувачка, власта нема слух за земјоделците