Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Утрово ќе биде студено, а денот со пролетни температури до 23 степени

Prolet 5.jpg
300x250 opst2

Денешното утро ќе биде студено, но преку ден се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб јужен ветер. Температурите ќе се движат од -5 до 0 степени во најстудените делови од земјата, додека дневните максимуми ќе достигнат од 17 до 23 степени.

Во Скопје се очекува сончев и топол ден со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до -1 степен, а дневната ќе достигне до 23 степени.


Според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), стабилното и топло време ќе се задржи до утре. Од вторник навечер и во среда следува промена – локални врнежи од дожд, можни поројни врнежи проследени со грмежи и засилен јужен ветер. Услови за краткотраен дожд ќе има и во четврток претпладне.

Можете да прочитате

Филипче повика на масовна излезност: Се бориме за вредности, за домот и иднината на Македонија

Во Штип отворeн Дино парк – нова атракција за деца и љубители на праисторијата

Филипче: На изборите се враќа силата на народот, се враќа СДСМ