Утрински Весник
Македонија

Утрото студено, преку ден сончево со максимални 12 степени

1706683066 i mnogu studeno1.jpg

Времето денеска со студено утро, а преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -2, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Од УХМР најавија дека следува период на стабилно време со ниски утрински температури и услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Во петок ќе има зголемена облачност и ќе дува засилен ветер од северен правец. Дневните температури ќе бидат во пораст, особено за време на викендот и во почетокот на новата седмица.

Можете да прочитате

Разбиена радикална ќелија, најдено оружје, уапсени три лица

Уапсен скопјанец, од касата каде што работел си зел 50.000 евра

Ристовска вршела тортура врз вработените во ДКСК, тврдат од Левица