Утрински Весник
Македонија

Утре последен рок за регистрација за изборите за претседател на СДСМ

20240622183217 Big 730x400 74 1.webp.webp

Утре истекува рокот за активна регистрација на членовите на СДСМ за гласање на вонредните внатрепартиски избори за партиски лидер, што ќе се одржат на 30 јуни.

За нов лидер на СДСМ се кандидираа Славјанка Петровска, Јован Деспотовски, Венко Филипче и Александар Бајдевски.

Изборите ќе ги спроведе Централна изборна комисија заедно со 80 општински изборни комисии и одбори на избирачки места на локално ниво.

За нов претседател на СДСМ ќе се смета оној кандидат кој ќе ја добие поддршката од мнозинството членови кои гласале на внатрепартиските избори.

Вонредните внатрепартиски избори беа закажани откако поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски поднесе оставка по поразот на парламентарните избори

Можете да прочитате

Променливо и посвежо и утре, додека за време на викендот ни следува краткотрајна стабилизација на времето и значително повисоки температури

Српските медиуми брујат – Силјановска Давкова со поддршка за Косово

Еден од министрите во владата на Мицкоски е со бугарско државјанство