Утрински Весник
Скопје

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

1719642882 Soobrakjaen Rezim2.jpg

Утре (понеделник) во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај поради официјалната посета на претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ, соопшти МВР. Изменет режим на сообраќај има и денеска поради одржување на Визер скопскиот маратон.

„СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 7 октомври 2024 (понеделник) поради официјална посета на претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје“, се наведува во соопштението.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Изменет режим на сообраќај има и денеска поради одржување на Визер скопскиот маратон.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: Градот полека застанува на нозе, го враќаме достоинството на скопјани 

Сите што должат за данок на имот кон Град Скопје имаат 15 дена да го платат истиот

Без струја дел од Аеродром, Карпош и Илинден