Утрински Весник
Македонија

Утре попладне и ноќта кон среда врнежи од снег во најголем дел од Македонија!

Screenshot 20250217 151047 Gallery.jpg

Под влијание на ладен и влажен бран од север, повторно во текот на утрешното попладне (вторник 18 февруари), и ноќта кон среда (19 февруари) во најголем дел од нашата Република Македонија ќе има врнежи од снег со слаб до умерен, локално и со умерен интензитет. Снежната покривка на повисоките места , планините и на Скијачките центри ќе се зголеми и дополнително ќе се прошири, а мала снежна покривка ќе се формира и во градовите.

Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец, кој ќе биде најизразен во Повардарието (до околу или над 60 км/час).


И во Скопскиот регион утре (18 февруари вторник) попладне и ноќта кон среда ќе има послаби врнежи кои ќе бидат претежно од снег. Повремено ќе дува засилен ветер од северен правец (во делови од котлината до околу 60 км/час).

Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 3 степени, додека максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 7 степени., Во Скопје температурата ќе се искачи до околу 5 степени. Да напоменам дека во доцните поопладневни часови и ноќта кон среда ќе имаме понатамошно дополнително заладување на времето.

Можете да прочитате

Меџити: One Stop Shop во Блаце, чекор поблиску до Косово

Битиќи: Имаме поголеми цени на исти производи од Германија, значи некој профитира на грбот на народот

СДСМ: Централната комисија утврди еден кандидат за претседател на СДСМ за изборите на 16 март