Утрински Весник
Македонија

Утре почнува лекувањето со „трикафта“ за осуммина пациенти, има пари да се обезбеди лекот за уште четворица

Утре почнува лекувањето со „трикафта“ за осуммина пациенти, има пари да се обезбеди лекот за уште четворица

Клиниката за детски болести утре ќе почне да го дава лекот „трикафта“ на пациентите со цистична фиброза за кои е утврдено дека се во најкритична состојба. Директорката на Клиниката за детски болести, Стојка Нацева – Фуштиќ вели дека лекот утрово стигнал кај нив.

dobivaj vesti na viber

„Од утрово веќе ги примаме пациентите кои треба да почнат терапија. На Клиниката примаме околу шестмина пациенти, а два пациента ќе се водат на Клиниката за пулмологија. Очекуваме да почнеме со терапија овие денови, кај некои од утре. Очекуваме позитивен ефект од терапијата во однос на подобрување на белодробната функција, квалитетот на исхрана, на квалитетот на живот,  на нутритивниот статус, намалена зачестеност на хоспиталицаии и поактивен живот на пациентите. Двајца од пациентите се во навистина критична состојба, тие ќе се лекуваат на Клиниката за пулмологија. Ефектот од терапијата е неизвесен, но ќе се обидеме да им ја подобриме состојбата со белодробната болест“, рече директорката Нацева-Фуштиќ.

Од осуммината пациенти за кои терапијата веќе е пристигната, седуммина се возрасни, над 18 години и едно е дете. Директорката најави дека ќе направат напор во скоро време да се обезбеди терапија за уште четворица пациенти, оти со пониската цена им останале пари од сегашната набавка.

„Добивме пониска цена од предвидената. Дадовме барање до Фондот за здравство дополнително да бидат вклучени уште четворица пациенти“, рече директорката Нацева-Фуштиќ.

За сите пациенти е обезбедена терапија за цела година. Пациентите ќе добиваат таблети еднаш месечно и нема да се обврзани да останат в болница. Терапијата вклучува земање две таблети наутро и една навечер.

Министерот за здравство Фатмир Меџити, денес рече дека заедно со премиерот работат на изнаоѓање решенија за лекување на останатите со дијагноза цистична фиброза.

Можете да прочитате

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките

ЕСМ понуди поскапа цена на тендерот на ЕВН ХОУМ

Переле пари и приредувале игри на среќа без лиценца: Кривична за сопружници од Штип, нивната ќерка и за уште едно лице