Утрински Весник
Македонија

Утре пензионерите ќе добијат повисоки пензии

Penzii Penzioneri.jpg

Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави видео порака во која се вели дека утре (1-ви октомври) ќе бидат исплатени повисоките пензии.

„Ја користам оваа прилика да ви честитам поголеми пензии кои што ќе започнат да се исплаќаат од утре. Тоа што го ветувавме во кампањата за повисоки пензии, за линеарно зголемување на пензиите станува реалност“, вели Мицкоски.

Тој истакна и дека утре на пладне ќе биде отчетот на Владата каде што ќе може да се види што е направено во овие 100 дена.

Пензионерите кои добиваа 20.000 денари месечно како пензија, ќе добијат 2.500 денари повеќе односно 22.500 денари. Исто така, они кои примале пензии во износ од 40.000 денари, сега ќе добиваат 42.500 денари месечно.

Директорот на фондот за ПИОМ, Никола Мемов, смета дека ако се задржел стариот модел со процентуална корекција на пензиите, зголемувањето би било незначително.

„Доколку сега се одеше со усогласување со таа иста методологија, согласно заводот за статистика, покачувањето ќе беше од само 4%. За минималната пензија, доколку имаше усогласување од 4%, зголемувањето на пензиите ќе беше за 528 денари, а за пензионерите што земаат 40 илјади денари, зголемувањето би било околу 1.600 денари“, вели Мемов.

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути