Утрински Весник
Македонија

Утре одлука за кандидатите за нов јавен обвинител на државата

Whatsapp image 2025 04 01 at 15.22.56.jpeg

Советот на јавни обвинители утре на својата 38-ма седница ќе ги разгледува кандидатурите за избор на нов јавен обвинител на Република Северна Македонија. Советот има законски рок од 15 дена да достави позитивно или негативно мислење до Владата за пријавените кандидати, по што ќе следува следната фаза од постапката за избор на нов државен обвинител.

Иако официјалната листа се уште не е јавно објавена, во јавноста веќе се споменуваат пет имиња кои претендираат да ја преземат функцијата по Љупчо Коцевски. Во трка за позицијата се актуелната в.д. државна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителките Ленче Ристовска и Лидија Раичевиќ од Скопското јавно обвинителство, судијата во Кривичниот суд Ненад Савевски, како и поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски.

Согласно процедурата, Советот на јавни обвинители доставува образложено мислење до Владата, по што Владата избира кандидат кој добил позитивно мислење и го предлага до Собранието. Новиот јавен обвинител се избира во Собранието со мнозинство од најмалку 61 глас. Доколку ниту еден од кандидатите не добие позитивно мислење од Советот, Владата ќе треба да предложи распишување нов оглас. Според законските одредби, актуелната в.д. обвинителка Тополова-Исајловска може да ја врши функцијата најмногу шест месеци.

Можете да прочитате

Во еден ден два нови случаи на семејно насилство во Скопје

Тепачка и закани со пиштол во кафеана во Трубарево, уапсена и полицајка

Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, бараме да се повлече