Утрински Весник
Македонија

Утре облачно, од среда со попладневен локален пороен дожд

Dozd.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Времето утре сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена, а кон крајот на денот зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 28 степени.


Од среда следува период на променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. До петок дневните температури ќе бидат во пораст, а за време на викендот ќе опаднат за неколку степени.

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе