Утрински Весник
Македонија

Утре не очекува уште потопло време – температурата ќе достигне до 36 степени

Toplo vreme.jpg

Времето утре, 6 јуни, ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе биде во интервал од 10 до 36 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе биде во интервал од 16 до 36 степени.


Под влијание на топла воздушна маса од југ до крајот на оваа седмица времето ќе биде многу топло. Од понеделник ќе преовладува претежно стабилно време, а дневната температура ќе биде во опаѓање.

Можете да прочитате

National Geographic ја издвојува Македонија како најдобра дестинација за гастрономија на Балканот

Невреме со град и силен дожд го зафати попладнево Дојран

АХВ воведе засилени мерки на надзор по појава на ново жариште на болеста чума кај малите преживари во соседна Албанија