Утрински Весник
Македонија

Утре не излегувајте без потреба: Температурата ќе надмине 40 степени

Toplo vreme.jpg

Управата за хидрометеоролошки работи ја објави временската прогноза за следните неколку денови.

Утре се очеквуа во некои градови температурата да биде и над 40 степени. Според прогнозите, 41 степен максималната температура ќе биде во Скопје, Гевгелија и Велес, додека во Демир Капија се очекува 40 степени.


„Утре и во петок ќе се задржи многу топло време. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа утре се очекува да надмине и 40 степени. Во петок ќе има појава за нестабилност со пороен дожд и грмежи, со засилен ветер и појава на град“, стои во објавата на УХМР.

Можете да прочитате

Нема место за паника – најавена почесна артилериска стрелба во Скопје по повод Денот на Армијата

МВР не дозволи учество на „Маршот за ангелите“ на луѓе од други градови

На „Табановце“ се чека околу 40 минути за излез од државата