Утрински Весник
Македонија

Утре и во петок краткотрајно постабилно време, додека за време на викендот доаѓаат нови обилни врнежи на повеќе места и ново локално невреме

Download 26.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Утре и во петок во Македонија ќе имаме постабилна Атмосфера. Времето ќе биде сончево и топло насекаде со мала локална облачност и со слаб до умерен, а утре особено Долж Повардаието повремено засилен ветер од западен и од северозападен правец.

Сепак во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотрајна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Што се однесува до температурите, тие остануваат без поголеми промени и ќе се искачуваат во интервалот од 23 до околу 30 степени. Во Скопје до околу 28 степени.

За време на викендот се враќа големата нестабилност во Македонија која ќе донесе нови обилни врнежи од дожд на повеќе места и локално невреме. Детална анализа околу ова следува во следните наши метео објави.

Можете да прочитате

Свечен настан за 30 години дипломатски односи и цврсто македонско-јапонско пријателство

Николоски: Од јануари нов пакет од 250 милиони евра владина подршка, општините да подготвуваат нови проекти

Архитектонскиот факултет при УКИМ ќе одбележи 75 години