Утрински Весник
Македонија

Утре ќе бидат промовирани новите регистарски таблички во боја за службените возила

Registarski Tablici Nmk.png

За утре е закажана прес-конференција, на која ќе присуствуваат директорот на СОЗР, Ивица Томовски, Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, Заменик претседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, како и директорите на останатите државни институции, каде ќе бидат промовирани новите службени регистарски таблички.

Целта на оваа мерка, како што информираат надлежните, е зголемување на транспарентноста и контролата во користењето на службените возила.


Преку обележувањето со нови таблички во боја, граѓаните ќе можат лесно да ги разликуваат овие возила од приватните.

Со ова ќе се спречи нивна злоупотреба за лични, приватни или партиски цели, велат од Службата за општи и заеднички работи.

Во наредниот период, ќе биде отворена и посебна телефонска линија. На неа граѓаните ќе можат да пријавуваат неправилна употреба на службените возила.

Секоја пријава, според најавите, ќе биде евидентирана. Институциите ќе постапуваат според важечките законски процедури.

Можете да прочитате

Европа во соништата, корупцијата во секојдневието

На враќање од Грција понесете си „трпение и нерви“: Најави за големи гужви уште од сега – еве колку се чека

Пожар кај Раштак и Страчинци, изгореа помошни простории од викенд куќа