Утрински Весник
Македонија

Љутков од Лешок: Во јуни завршува обновата на стариот конак

Lesok 4.jpg

„Стариот конак во Лешочкиот манастир ќе биде целосно завршен до крајот на јуни, со што овој значаен духовен комплекс добива обновен и достоен изглед”, истакна министерот Зоран Љутков при денешната работна посета на Лешочкиот манастир.

За време на посетата, министерот Љутков беше придружуван од митрополитот на Тетовско-гостиварската епархија, владиката Јосиф, директорот на Националниот конзерваторски центар, Александар Јорданоски, како и стручен тим од институцијата.


Министерот информираше дека проектот за конзервација, реставрација, санација и ревитализација на стариот конак е во завршна фаза, за што Министерството за култура и туризам издвои 6 милиони денари. Градежните активности, кои опфаќаат ѕидарски и столарски работи, се одвиваат во согласност со предвидената динамика.

Во однос на проектот за конзервација и реставрација на црквата „Св. Богородица”, каде што е откриен значаен трислоен живопис од 14, 17 и 19 век, беше посочено дека активностите привремено се ставени во мирување поради потреба од дополнителни стручни анализи и заштитни мерки. Работите ќе продолжат по спроведена процена, со цел целосно зачувување на ова исклучително вредно културно наследство.

Со овие активности уште еднаш се потврдува заложбата за заштита, обновување и ревитализација на културното и духовното наследство како значаен сегмент од националниот идентитет.

Можете да прочитате

Власта ја елиминираше Ристовска за да стави обвинител под контрола на Мицкоски, велат од СДСМ

Министерството за енергетика со нов повик за субвенционирање клима уреди

Хорор во Скопје: ја нападнал сопругата и ја избркал од дома, децата ги заклучил во тоалетот