Утрински Весник
Македонија

Љутков: Културните рути на Советот на Европа се патишта на вредности, дијалог, споделено наследство и европско заедништво

Forum kulturni ruti 2.jpg
Dik 300x250 mk

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков се обрати на отворањето на Форумот посветен на културните рути на Советот на Европа на кој беа презентирани културните рути во кои е вклучена и нашата држава: „Рута на Св. Кирил и Методиј”, „Винска рута-Итер Витис” и „Рута на римски иператори и Дунавска винска рута”.

Според Љутков културните рути не се само туристички патеки. Тие се патишта на вредности, дијалог, споделено наследство и европско заедништво. Затоа Форумот е одлична можност за дискусија, размена на идеи, мислења и искуства со експерти и учесници од различни сфери за идниот развој на оваа област.


„Со повеќе од 40 сертифицирани рути, Советот на Европа ни покажува како културата може да биде мост – меѓу историјата и современоста, меѓу локалното и глобалното, меѓу народите и нациите. Република Македонија, како земја која веќе активно учествува во „Рутата на Свети Кирил и Методиј”, „Винската рута Итер Витис” и „Рутата на римските императори и Дунавската винска рута”, преку своето исклучително богато и разнолико културно наследство, има значаен потенцијал не само да биде дел од оваа мрежа, туку и да придонесе како рамноправен креатор на нови иницијативи.  Наша обврска е да ги истакнеме и презентираме вредностите со кои располагаме – од античките траги до современите културни практики, од духовното наследство до живата традиција”, рече Љутков.

Можете да прочитате

Пријавен поткуп за време на изборниот молк – градоначалник и две лица фатени на лице место

Гласовите на болните и изнемоштени не се бројат и објавуваат денес, објави ДИК

Вечерва тешка сообраќајка несреќа на истото место каде што загина Фросина