Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Уставните измени утре пред собраниската комисија, Мицкоски дециден: ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против

Ковачевски: Не е точно дека некои пратеници од СДСМ нема да ги поддржат уставните измени
300x250 opst2

На дневниот ред утре, на седницата на Комисијата за уставни прашања во Собранието ќе биде Предлогот за пристапување кон измена на Уставот, со што почнува процедурата за уставните измени.

dobivaj vesti na viber

Како што се очекува, по усвојувањето на дневниот ред, предлогот пред пратениците би требало да го образложи премиерот Димитар Ковачевски.

Сепак, првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и денеска повтори дека нивниот став е јасен – нема поддршка за уставните измени ниту на собраниска седница, ниту на собраниска комисија. Мицкоски кажа дека утре пратениците од оваа партија ќе бидат во парламентот и ќе гласаат против.

„Утре ќе бидеме таму присутни и точката кога ќе биде ставена на дневен ред, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против. Така ќе биде и на самата седница кога овие уставни измени предвидени според комисијата за уставни измени предводена од Цаца Николовска се доставени во парламент“, рече Мицкоски.

За да се донесе одлуката за уставни измени, потребно е двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Според Деловникот, дебатата за уставните измени може да трае десет работни дена.

 

Можете да прочитате

Сериозен дефект во Влае санацијата одложена за утре поради недостиг на луѓе и машини

Манчев: Инвестираме во младите, во план се две детски градинки, како и повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места

Филипче од Берово: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места