Утрински Весник
Македонија

Уставниот суд прославува 60 години од постоењето со Mеѓународна конференција со 130 домашни и странски гости

Ustaven Sud.webp.webp

По повод 60 години од основањето, Уставниот суд денеска ќе биде домаќин на Меѓународна конференција која ќе се одржи во Собранието, со почеток во 10:00 часот. Тема на конференцијата ќе биде „Уставно-судска заштита на слободата на мислата и слободата на јавно изразување на мислата“.

Настанот се организира со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на кој му претходеше склучување на Меморандум за разбирање.

На конференцијата најавено е обраќање на шефот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Јован Митрески, премиерот во техничката Влада Талат Џафери, министерот за правда Кренар Лога, амбасадорката на САД, Анџела П. Агелер, претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска и други.

– Оваа конференција претставува можност и форум за презентација и дискусија на искуствата, методите и доктрините на темата на Конференцијата да се обратат претставници на уставните судови и меѓународните институции. Претставници на медиумите, невладиниот сектор исто така ќе бидат дел од овој настан, за да го споделат своето искуство и согледувања на темата, велат од Уставниот суд.

Можете да прочитате

Таравари: Има информации за мала концентрација формалдехид во салите, но, официјално сѐ уште немаме ништо добиено

Затвореник од Идризово излегол на викенд и се обидел да ограби спортска обложувачница во Центар

Митева: Лотарија на две фирми, едната од Струмица, другата од Скопје незаконски им доделила лиценци за игри на среќа