Утрински Весник
Македонија

Уставниот суд поведе постапка за урбанистички планови во Маврово

Img 8243

Уставниот суд одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлука за усвојување на урбанистички план за село Маврово со детална разработка на дел од Урбан блок 5 и дел од урбан блок 7 објавен во службен гласник за општина Маврово и Ростуше донесена на ден 26.02.2015 година.

Како што е наведеново соопштението од Уставниот суд, Одлуката за усвојување на урбанистички план за село Леуново, Никофорово и Анови објавена е во службен гласник за општина Маврово и Ростуше на ден 19.07.2001 година.

Судот во оваа фаза од постапката меѓу другото изрази сомнеж дека Одлуката за усвојување на урбанистички план за село Леуново, Никифорово и Анови објавена во 2001 година во моментот на донесувањето ја немало потребната согласност од надлежниот орган, односно од Министерството за транспорт туку е прибавена три месеци подоцна.

Во однос на Одлуката за усвојување на урбанистички план за село Маврово донесена во 2015 година, Судот исто така изрази сомнеж дали мислењата кои се прибавени од надлежните органи се во согласност со Законот за градење, Законот за заштита на води и Законот за заштита на природата кои тогаш биле во важност.

Судот ја отфрли иницијативата за испитување на уставност и законитост на Одлуката за отстапување со стопанисување на водоводот од кој се снабдува хотел Радика во Леуново донесена во 2019 година бидејќи нема надлежност за постапување, односно поради фактот дека оваа Одлука има карактер на поединечен, конкретен акт во кој се утврдени меѓусебните права и обврски меѓу давателот и корисникот на услугите и не уредува односи на субјектите во правото на општ начин и на неопределен број на субјекти во правото.

Од Уставниот суд напоменуваат дека ова се дел од аргументите поради кои Судот ги донесе конкретните одлуки и решение, кои во понатамошната фаза на постапката ќе бидат разгледани и ќе се постапува со донесување на конечна одлука.

На денешната седница, како што е наведено во соопштението од Судот, беше отфрлена иницијативата за оценување на член 4 став 3 од Тарифата за награда и надоместок на другите трошоци за работа на извршителите бр.21-648/7 од 07.02.2019 година, поради тоа што веќе одлучувал по однос на покренатото правно прашање.

Можете да прочитате

Давкова: НУБ „Св. Климент Охридски” е амбасадор на македонската културна историја и чувар на македонскиот идентитет

СЕОУГС Васил Антевски Дрен, Скопје – лауреат за Европската награда за иновативна настава (EITA) за 2024 година

НИ СЛЕДУВААТ УМЕРЕНИ ДО ЈАКИ МРАЗЕВИ: Температурите ќе се спуштат дури и под -10 степени!