Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Уставниот суд: Не е вистина тврдењето на Лога дека од нас барал мислење за изводите

Ветинг на судии само со меѓународна поддршка, услови министерот Лога
300x250 opst2

Неточни се тврдењата на министерот за правда Кренар Лога дека од Уставниот суд било побарано мислење во било која форма за понатамошно постапување со издавање на изводите бидејќи нема пристигнато таков допис од ниту од Управата за водење на матични книги, ниту пак од Министертвото за правда, реагира судот.

dobivaj vesti na viber

Се наведува дека во интерес на зачувување на достоинството и угледот на Судот како единствена институција со такви надлежности, информираат дека Уставниот суд комуницира преку своите акти, но во никој случај не е дел од формалната процедура Судот да врши консултација со било кој учесник во постапката и да советува откако ќе биде донесена одлука.

Уставниот суд, се додава во реакцијата, нема надлежност да кажува кои се идните чекори по донесени одлуки, затоа што доносителите на актите имаат обврска да ги решаваат проблемите.

Можете да прочитате

Филипче: Масовно излезете на 19 октомври, да ја зачуваме Македонија како дом за сите

Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

Филипче од Валандово: СДСМ е движење на храбрите кои ја сакаат својата земја