Утрински Весник
Македонија

Уставниот суд да нема двојни аршини , да се грижи за правната сигурност и владеење на правото, вели Лога

Ветинг на судии само со меѓународна поддршка, услови министерот Лога

Како министер за правда пред неколку дена се обратив до сите почитувани судии на Уставниот суд во врска со предметот каде е оспорена уставноста и законитоста на Упатството за водење на матични книги, а за кој Уставниот суд на седницата одржана на 05.07.2023 година донесе времена мерка, односно запирање на извршување на поединечни акти кои произлегуваат од конкретното Упатство, се додека Уставниот суд не донесе конечна одлука во тој случај, вели министерот за правда Кренар Лога.

dobivaj vesti na viber

„Од Уставниот суд , за конкретниот предмет побарав да постапи согласно своите уставни надлежности и да донесе мериторна одлука, односно решение согласно веќе заземениот став од 2004 година каде што за исто прашање Уставниот суд во тогашното Решение одлучил дека „Уставно определениот рок за објавувањето не може да се прифати дека е уставна норма со ограничувачка цел во однос на примената на прописите кои се објавени со пролонгирање на рокот и влезени во правниот поредок, бидејќи таа норма е дел од целината на уставните норми за гаранциите на слободите и правата на граѓаните на кои и во ваков случај неспорно им е обезбедено и исполнето гарантираното право на објавување, заради запознавање со законите и другите прописи во правниот поредок“, нагласува Лога.

Министерството за правда, како што вели, очекува Уставниот суд во најкус рок да постапи согласно веќе воспоставената пракса од причина што различната јуриспруденција на Уставниот суд за исти прашања доведува до загрозување на правната сигурност и владеење на правото како една од темелните вредности на нашиот уставен поредок.

Можете да прочитате

Верниците се простуваат од упокоениот митрополит Дебарско-кичевски Тимотеј

Царинска управа: спречен шверц на цигари, облека и хардверски делови, како и нелегален влез на илегални мигранти од Иран и Сиера Леоне

ВМРО-ДПМНЕ: Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија и ги направи најголемите национални предавства