Утрински Весник
Македонија

Уставни измени нема да има, дополнително текстот не само што не е прифатлив, туку е и тотално неразумен, вели Мицкоски

Уставни измени нема да има, дополнително текстот не само што не е прифатлив, туку е и тотално неразумен, вели Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што уставните измени влегоа во собраниска процедура и кои се следните чекори на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека на координација ВМРО-ДПМНЕ ќе ги дефинира следните чекори но потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат јасен став кој што е непроменет, дека под овие услови и диктати уставни измени нема да има. Тој ја обвини владата дека дополнително го усложнува процесот со тоа што дефинира текст за уставните измени кој што не е содржан во заклучоците од Советот на Европа, во преговарачката рамка, и протоколот.

dobivaj vesti na viber

„Ќе имаме координација како ВМРО-ДПМНЕ и на таа координација ќе го договориме нашиот став. Но она што е важно е дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат јасен став кој што е поврзан со овие уставни измени, уставни измени вакви какви што се под бугарски диктати на начин на кој што се доставуваат во парламентот не само што не се прифатливи, туку владата дополнително го усложнува процесот со тоа што дефинираше текст за уставните измени кој не само што не е прифатлив туку можам да кажам дека е тотално неразумен, тотално неразумен и ваков каков што е дополнително ги загрозува позициите на Македонија во рамките на напредокот кон полноправно членството во ЕУ. И баш би сакал сега да го слушнам оправдувањето од владата во кој дел од заклучоците од Советот на Европа, во кој дел на преговарачката рамка, и во кој дел на протоколот овој текст на овие уставни измени е содржан“ нагласи Мицкоски.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје