Утрински Весник
Македонија

УСС УКИМ: Ориентациски денови на УКИМ

20241001083450 Big 730x400 6.webp.webp

Универзитетското студентско собрание при УКИМ, во соработка со Факултетските студентски собранија, на неколку факултети успешно организира воведни ориентациски денови со цел новозапишаните студенти да се упатат во светот на студиите и да се запознаат со дел од професорите и со нивните постари колеги.

Идејата која започна на ФИНКИ пред 3 години, од страна на Александар Ристоски, студент на ФИНКИ, со помош од негова колешка која има студирано во странство – Матеа Коцевска, денес е реализирана од студенти на повеќето Факултетски студентски собранија.

-Бруцошите во големи броеви ги наполнија амфитеатрите и предавалните уште пред почетокот на нивните студии – доказ дека студентскиот дух бујно тече низ нашата младина. Се надеваме дека оваа пракса на ориентациски денови ќе стане традиција кај нас, а и дека ќе се прошири на други универзитети низ нашата држава.  Факултетите на коишто се одржаа ваквите денови се ФЕИТ, ФИНКИ, Филолошки факултет, Економски факултет, Правен факултет и Медицински факултет, а дополнително и останатите факултети ќе одржат слични ориентациски денови во текот на месецот. Исто така, чест и задоволство ни претставува да ве поканиме на свечениот Прв академски час што ќе се одржи на Платото на општествен кампус, на 1.10.2024 од 10:00 часот наутро. Истиот ден е подготвена и вечерна програма, на иста локација од 20:30 часот, велат од УСС УКИМ.

Можете да прочитате

Маж од Австралија пронајден починат во куќа во Битола

Филипче за 100 дена влада: Неисполнувањето на големите ветувања, носи и големи разочарувања

Средба на пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ со европратеникот од Шведска, Јонас Сјоштед