Утрински Весник
Магазин

Успешно испратени и примени првите пишани пораки преку „Д2Д“ сателитите

Img 7718
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

„Спејс-Икс“ ги испрати првите текстуални пораки примени преку „Ти-мобајл“ со помош на сателитите „Д2Д“ (скратено од „директно на уред“) на „Старлинк“ лансирани пред неколку дена.

Како што првпат беше објавено во август 2022 година, целта на проектот е да се овозможи сателитско поврзување на Интернет со стандардни мобилни телефони за корисниците на мрежата на „Ти-мобајл“ да може да бидат поврзани дури и кога се во „мртвите зони“ – насекаде на Земјата. „Ти-мобајл“ соопшти дека планира да лансира текстуални услуги оваа година, а пак, услугите за глас, податоци и „ИоТ“ („интернет за нештата“) ќе бидат достапни од 2025 година. На светско ниво, „Спејс-Икс“ соработува со канадската компанија „Роџерс“, австралиската „Оптус“, јапонската „КДДИ“ и други фирми. Шемата натаму ќе вклучува и поголеми, специјализирани „Старлинк“ сателити со „Д2Д“ способности.

„Во понеделник, 8 јануари, ги испративме и примивме нашите први пораки користејќи немодифицирани мобилни телефони на Земјата и нашите нови сателити во Вселената, како и мрежата на ‘Ти-мобајл’. Сите показатели се во насока дека системот работи“, соопшти „Спејс-Икс“.

Инаку, приватната компанија за вселенски сообраќај го постави првиот таков сателит на 2 јануари и, според наводите, ги спроведе првите тестови без никакви проблеми.

Кога беше објавен планот, извршниот директор на „Ти-мобајл“, Мајк Сиверт ја спореди новата технологија со поставување кули-предаватели на небото. Тој додава дека, на овој начин, би можеле да се елиминираат „мртвите зони“ (без интернет-врски), што ќе овозможи поврзаност дури и ако човекот е сред океан.

„Спејс-Икс“ наведува дека системот, којшто користи „ЛТЕ“, т.е. 4-Г врска (без протоколи за 5-Г), се движат со десетици илјади километри на час, а преносот на податоци мора да биде беспрекорен.

Сепак, овие две компании не се првите коишто тестираа ваков систем. „АСТ Спејсмобајл“ и „Еј-ти-енд-ти“ успешно тестираа двонасочен сателитски гласовен повик на нивната мрежа во април лани користејќи посебен фабрички паметен телефон „Самсунг Галакси С-22“. Според „Еј-ти-енд-ти“, исто така, планот на „Спејс-Икс“ и „Ти-мобајл“, велат, е „несоодветен“ кога станува збор за опасности и штета кон мрежите на Земјата.

Можете да прочитате

Климатските промени предизвикуваат генетски промени кај поларните мечки

Двајца другари од Индија, пронашле дијамант вреден 50.000 евра, со парите ќе ги мажат сестрите

Хуманитарен Божиќен базар – „ELA во Погон”